Бан Ки Мун ги осуди нападите во Пакистан

Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун силно го осуди нападот на шиитските муслимани што се случи во четвртокот во Пакистан.Пакистанските власти соопштија дека вооружени напаѓачи извлекле 20 шиити од автобуси во близина на Гилгит и ги стрелале. Вчерашниот напад вез шиитите е втор инцидент во последните 6 месеци во тој регион.