Намален кредитниот рејтинг на Србија

Американската агенција за кредитен рејтинг „Фич“ денеска соопшти дека ќе ја намали прогнозата за рејтингот на Србија на негативна и истовремено го потврди долгорочниот кредитен рејтинг на земјата на ниво од „ББ минус“. Во соопштението на „Фич“ е наведено дека причина за негативната прогноза е влошувањето на фискалните позиции на Србија и нејзиното надворешно финансирање, како и индикаторите за слаб економски раст.

Во продолжение е истакнато дека новата Влада наместо да се фокусира на корекција на фискалниот дефицит и јавниот долг го промени законот за централната банка на начин кој ја ослабна довербата на инвеститорите и кој може да го комплицира договорот за нов кредит од Меѓународниот монетарен фонд.

И кредитната агенција „Стандард енд Пурс“ минатата недела го намали кредитниот рејтинг на Србија на „ББ минус“, со негативна прогноза. Како причина, исто така, се наведува усвојувањето на законот со кој се зголемува контролата на Парламентот врз Централната банка.