Во серија напади во Ирак, 22 жртви

Во серијата напади во Ирак загинале најмалку 22 луѓе, а повеќе од 120 повредени, соопштија тамошните власти. Најголем дел од жртвите загинале во експлозии на автомобил бомби, а некои и во престрелки. Од загинатите 12 се полицајци. Повеќе од 100 луѓе се убиени во насилството низ целата земја од почетокот на август.