САД се гордеат со пријателството со Косово

САД се гордеат со пријателството со Косово, изјави денеска новaта американска амбасадорка во Приштина Трејси Ан Џајкобсон, предавајќи ги акредитивите на косовската претседателка Атифете Јахјага.

Џејкобсон тоа го кажа на албански и на српски јазик. Таа додаде дека Косово има постигнато голем напредок од прогласувањето на независноста во 2008 година.

„Сигурна сум, дека работејќи заедно со партнерите, косовските лидери ќе можат да воспостават владеење на законите и да постават здрави основи за побогата, постабилна и подемократска иднина“, изјави Џејкобсон.

Јахјага наведе дека се надева оти Џејкобсон успешно ќе ја продолжи работата на своите претходници, истакнувајќи оти развивањето на исклучително добрите односи и постојаното партнерсто со САД е од суштинско значење за Косово.