Објавен фоторобот на вториот осомничен за нападот во Бургас

Бугарските власти издада фоторобот на вториот осомничениот за бомбашкиот напад на автобусот во Бургас. Сликата e на човек со кратка темна коса. Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека „имаат податоци оти човекот на сликата е поврзана со терористичкиот напад на аеродромот.“ Министерството не даде други детали, но со објавувањето на фотографијата се потврдува сомневањето дека бомбашот не работел сам. Пред две недели бугарските власти објавија фоторобот на бомбашот-самоубиец.