Продолжен договорот за закуп на руската база во Киргистан

Киргистанските и руските власти го продолжиле договорот постигнат за закупот на руската воена база во Киргистан за уште 15 години. Русија во моментов има договор за користење воени објекти во Киргистан, како што е базата во Кант во близина на главниот град на Киргистан до 2017 година. Новиот договор ќе започне по истекот на стариот. Руските власти сакале да го продолжaт договорот за уште 49 години, но киргистаните власти одбиле. Двете страни се уште преговараат за висината на киријата која треба да ја плаќа Русија. Русија во моментов плаќа по околу 4, 5 милиони долари годишно за тоа што користи бази во Киргистан.