Авион на Аерофлот принудно слетал на Исланд


Патнички авион на Аерофлот, кој летал од Њујорк кон Москва, принудно слетал на Исланд поради закана од бомба, соопшти денеска портпарол на руската авио-компанија. Според истиот извор, авионот бил во воздух кога неидентификувано лице се јавило во Аерофлот, изјавувајки дека во него има експлозивна направа. Авионот со 256 патници безбедно слетал на Исланд, а истрагата покажала дека дојавата била лажна, па вечер ќе го продолжи летот за Москва.