Рускиот патријарх Кирил во историска посета на Полска

Рускиот патријарх Кирил денеска ја започнува 4-дневната посета на Полска, прва на еден поглавар на Руската православна црква од независноста на Полска по Првата Светска Војна. Предвидено е Кирил да се состане со претставниците на автокефалната полска православна црква, како и со претставници на католичката црква. Меѓутоа, главен настан за време на престојот на Кирил во Полска ќе биде потпишувањето на документот со кој се повикуваат полјаците и русите да ги заборават темните моменти од нивната заедничка историја.