Ќе има ли посматрачи на ОН во Сирија?

Советот за Безбедност на Обединетите Нации денеска ќе расправа дали да основа цивилна канцеларија за подршка на напорите на ОН и на Арапската Лига за смирување на конфликтот во Сирија. Воената посматрачка мисија на Обединетите Нации завршува во недела. Советот го условува продолжувањето на мисијата во Сирија со две барања: - владините сили да не користат тешко оружје и значително да бидат намалени насилствата. Генералниот секретар на Обединетите Нации деновиве оцени дека условите засега не се исполнети и Сирија сега е во опасност од целосна граѓанска војна.