Девет мртви при напад на воена база во Пакистан

Пакистанските локални медиуми и сервисот на Радио Слободна Европа во земјата Радио Маршал јавија дека осум милитанти загинале во престрелка во една авионска воена база. Милитантите влегле во базата во градот Камра во покраината Панџаб, при што престрелката траела со часови. За време на престрелката загинал и еден воен командант.
Никој не презема одговорност за нападот.