Сириските владини сили го бомбардираат градот Азаз

Во воздушниот напад на сириските владини сили врз упориштата на бунтовниците во северниот дел на земјата биле убиени најмалку 20 луѓе, соопшти сириската опозицијата. Од сириската опсерваторија за човекови права велат дека сириските сили воздушно го нападнале градот Азаз, кој е под контрола на бунтовниците. Градот се наоѓа во близина на Алепо. Борби меѓу сириските сили и бунтовниците се водат и во Дамаск.