Организацијата за исламска соработка одлучува за Сирија

Турскиот претседател Абдула Ѓул изјави дека треба да се замрзне членството на Сирија во Oрганизацијата за исламска соработка.
Ѓул го кажа тоа во изјава на вонредната средба на врвот на Организацијата во Мека, посветена на сириската криза.
Турскиот претседател ги повика државите од организацијата да не остануваат незаинтересирани кон злосторствата во Сирија.
Ѓул исто така истакна дека сите членки на организацијата треба да сторат се што е во нивна моќ, во најкус временски период за брзо завршување на преодниот период по крајот на режимот на Башар Асад.