ОН-сириските сили и бунтовниците извршиле злосторства против човештвото

Истрагата на Советот за човекови права на ОН покажала дека претставници на сириските владини сили и на нивните соработници милицијата Шабиха извршиле воени злосторства и злосторства против човештвото. Во извештајот објавен денеска се неведува дека и бунтовниците кои се борат против претседател Башар ал Асад, исто така, извршиле воени злосторства, но не толку „големи“ како оние направени од страна на безбедносните сили. Советот за човекови права на ОН ги обвини безбедносните сили за убиството на повеќе од 100 цивили во селото Хоула во мај,од кој речиси половина од нив деца. Од Советот велат дека имаат „разумна основа“ да верува дека безбедносните сили се исто така одговорни за други „брутални кршења на човековите права“, вклучувајќи убиства, тортура, произволно апсење, незаконски убиство и напади против цивили.