Повторно активиран пожарот во „Јасен“

Илустрација.

Пожарот кај Македонски Брод што зафати дел од Националниот парк „Јасен“, е повторно активиран и е проширен кон области со повисока шума.
Според Центарот за управување со кризи, моментно интервенираат екипи на Шумското стопанство „Сандански“ и Националниот парк „Јасен“, како и неколку лица од месното население. Се делува и по воздушен пат.

Нови пожари попладнево избувнаа кај село Вратница,Јегуновце; кај село Луковица, општина Брвеница, на планината Сува Гора.
Како што информира ЦУК, се уште се активни пожарот во атарот на село Радуша и пожарот над скопско Грачани.
Пожарот кај село Бањица, Велешко, поради ветерот се прошири во неколку правци, кон селата Бањица, Лисиче и Дреново, како и кон висока шума кај планинарскиот дом „Бреза“.
Пожарот кај село Стрима е се уште активен и е префрлен кон територијата на општина Чучер Сандево.