Киднапирањето на турскиот пратеник за пропаганда

Турскиот пратеник Хусеин Ајгјун.

Турскиот пратеник Хусеин Ајгјун кој вчера беше ослободен од курдските сепаратисти изјави денеска дека целта им била „пропаганда“.
Пратеникот на главната опозициска Народнорепубликанска партија беше киднапиран во неделата од бунтовници на Курдската работничка партија во округот Тунџели, источна Турција. Ајгјун беше ослободен од сепаратистите вчера, ден пред денешната 28-годишнина од почетокот на бунтот на ПКК во југоисточна Турција.
Ајгјун рече дека киднапирањето го извршиле млади лица и целта им била пропаганда и упатување повик до Турција за примирје, јави Анадолија.

Вицепремиерот Булент Аранч посочи, дека киднапирањето на пратеникот покажува какви „непромислени чекори може да преземат терористичките организации“. органзиација од Турција, ЕУ и САД.