Во Атина пронајдени тела на двајца имигранти

Две тела на имигранти биле пронајдени денеска во Атина, соопшти полицијата, јави дописникот на МИА од Атина.
Едното тело е пронајдено во контејнер за смет во центарот на Атина, додека другото е пронајдено во еден стан во Атина. Националноста на жртвите не е соопштена, но според првите проценки се работи за полски или романски имигранти.
Полицијата се уште ја испитува причината на смртта на имигрантите.