Иванов бара да не се злоупотребува АРМ

Претседателот Ѓорге Иванов, во врска со последниот настан во Слупчане рече дека дека не биле испочитувани институционалните правила и процедури. Тој побара од
сите фактори да не ја злоупотребуваат АРМ и употребата на армиската униформа за политички, партиски, или какви било други цели.
Како што стои во соопштението од Кабинетот, претседателот Иванов побарал од надлежните расветлување на случајот и утврдување на постоење на злоупотреба на службената должност.