Пожарот кај „Јасен“ ставен под контрола

Под контрола е ставен пожарот кај Македонски Брод, кој зафати дел од Националниот парк „Јасен“, информира Центарот за управување со кризи.
Опожарена е површина од околу 30 хектари.

Пожарот во атарот на село Радуша, се уште е активен. Од синоќа гори сува трева, смрека и нискостеблеста мешана шума на висок недостапен карпест терен над село Грачани, Скопско. Во текот на ноќта таму е испратена екипа од тројца пожарникари со едно противпожарно возило. На овој пожар се интервенира и денеска.
Активен е пожарот и кај село Бањица, Велешко. Новото жариште е во густа шума од габер, а поради ветерот е проширен во три правци, кон селата Бањица, Лисиче и Дреново.
Пожарот кај село Туденце, општина Јегуновце, според Центарот за управување со кризи, се очекува попладнево да биде целосно изгаснат.
Целосно е изгаснат пожарот кај месноста Бањиче, во близина на тетовското Кале, односно патот за Шипковачко Теќе во Тетово.
Активен пожар има кај село Стрима, кој е префрлен кон територијата на општина Чучер-Сандево.
Од општина Липково испратено е барања за ангажирање на хеликоптери на АРМ за гаснење на пожарот и доколку постојат услови, тие денеска ќе бидат ангажирани, информира ЦУК.