Рослер: нема безусловна помош за Грција

Грција нема да добие натамошна помош, доколку не ги имплементира договорените реформи, изјави германскиот вицеканцелар и министер за економија Филип Рослер во интервју за весникот „Шпигел“. „Не сакаме грчката Влада да банкротира, но можеме да се соочиме со последиците, доколку е потребно“, нагласи Рослер.