Де ла Руа обвинет за поткуп на сенатори

Поранешниот аргентински претседател Фернандо де ла Руа е обвинет за поткуп на сенатори. Тричлениот судски совет пресудил дека на група сенатори им биле платени пет милиони долари за да гласаат за отстранување на заштитата на работникот во 2000 година, кога Меѓународниот монетарен фонд побара пофлексибилен закон за труд за да го продолжи земот на Аргентина. Обвинителството сега треба да докаже дека исплатата ја наредил Де ла Руа, кој беше претседател од 1999 до 2001 година, кога ММФ одби да ги продолжи заемите, по што дојде до колапс на аргентинското стопанство.