Положувањето цвеќе во Слупчане-придонес кон помирувањето

Mинистерот за одбрана положи цвеќе на споменик на припадниците на ОНА во село Слупчане.

Положувањето венец од страна на министерот за одбрана и припадници на АРМ на споменик на припадниците на ОНА претставува придонес кон процесот на помирување кој е неопходен за Република Македонија и за нејзините граѓани, се наведува во реакцијата од Министерството за одбрана во врска со вчерашниот настан во Слупчане.
Потегот е политичка одлука со која воедно целосно е испочитуван Законот за одбрана на Република Македонија и не е прекршена ниту една законска одредба.

„За некои можеби беше спорно и поклонувањето на министерот за одбрана Фатмир Бесими пред споменикот на загинатите припадници на АРМ од 2001 година, но тој се одлучи да одаде почит бидејќи тоа е негова должност како министер за одбрана на Република Македонија и верува дека помирување и задничкиот живот се единствената иднина за сите граѓани на Република Македонија“, стои во реакцијата од МО.

Ваквите помирувања се познати во историјата на земјите од Европската унија и преставуваат придонес кон градењето на мирот преку почитување и градење на меѓусебна доверба, како на пример Германија и Франција, Велика Британија и други земји членки на ЕУ, НАТО и во светот.