Иран прифаќа странска помош за земјотресите

Иранските власти денеска соопштија дека се подготвени да прифатат странскa помош за справување со последиците од земјотресот, откако претходно одбија помош од надвор. Заменик претседателoт Мохамад Реза Рахими изјави дека неговата земја сега е подготвена да прифати меѓународна помош за жртвите од земјотресот. Властите се уште се справуваат со последиците од земјотреси во услови на растечки критиките дека не успеале да реагираат навреме и да им помогнат на погодените. Во двата последователни земјотреси загинаа повеќе од 300 луѓе, а 3.000 беа повредени.