Пакистанската армија наскоро во акција против талибанците

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета изјави дека пакистанската армија планира масовна операција во Северен Вазиристан, во близина на границата со Авганистан. Според Панета, целта на акцијата ќе бидат пакистанските талибанци. Соединетите Држави постојано бараат од Пакистан да се справи со милитантите во пограничниот регион.