Пратеничка на Асад на разговори во Кина

Пратеничката на сирискиот претседател Асад, Бутаина Шабан се очекува денеска да допатува во Кина, каде што ќе разговара со шефот на дипломатијата Јанг Џиечи, соопшти кинеското министерство за надворешни работи. Кинеските лидери ги разгледуваат плановите да повикаат и претставници на сириската опозиција на преговори во Пекинг, се вели во соопштението и се додава дека Кина секогаш тежнеела кон одржување на рамнотежа меѓу сириските власти и опозицијата во барањето политичко решение на проблемот во таа земја.
Кина и Русија ги блокираа досегашните обиди на усвојување резолуција во Советот за безбедност на ОН со која би се осудил режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, сметајќи дека таквите резолуции не се избалансирани и оти за повеќемесечните крвави судири се одговорни и припадниците на опозицијата.