Продолжува судењето на Јулија Тимошенко

Денеска продолжува судењето на поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко. Обвинението ја товари 51-годишната Тимошенко дека во средината на 90-те години како челник на фирма која се занимавала со увоз и дистрибуција на гас избегнала да плати данок во износ од неколку милиони долари.
Тимошенко веќе издржува казна затвор во траење од 7 години поради злоупотреба на позицијата.