Подметнат пожат во просториите на Златна зора во Атина

Во просториите на грчката националистичка партија Златна зора во Атина денеска е подметнат пожар, јавува полицијата. Пожарот предизвикал мала малтријална штета, а во моментот кога избил немало присутни во просториите. Партијата на изборите во јуни влезе во парламентот. Денешниот инцидент доаѓа на само еден ден откако во Атина беше убиен еден млад Ирачанец. Во своето соопштение Златна зора рече дека „ ќе продолжи со националната борба, за да им ја врати Грција на Грците.“ Се верува дека Златна зора е одговорна за насилства мотивирани од ксенофобични ставови.