Ахмадинеџад на самит за Сирија

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад ќе учествува на денешниот Исламски самит во Мека, Саудиска Арабија, посветен на ситуацијата во Сирија. Како што е познато, Техеран и Ријад имаат спротивни ставови за тамошниот конфликт. Саудиска Арабија ги поддржува бунтовниците, додека Иран му е клучен сојузник на режимот на претседателот Башар ал Асад.