Во Израел протести против можен напад врз Иран

Десетици израелци демонстрираа синоќа во Тел Авив, барајќи од владата да не го напаѓа Иран и да не ги доведува во прашање животите на израелските граѓани. До протестите дојде по обновените шпекулации дека Израел би можело да го нападне Иран во обид да ја спречат иранската нуклеарна програма.