Ромни сака да ја врати американската моќ

Републиканскиот претседателски кандидат Мит Ромни

Републиканскиот претседателски кандидат Мит Ромни вети враќање на американската моќ. Говорејќи на митингот во Северна Каролина тој го обвини претседателот Барак Обама, бидејќи, како што рече, Соединетите држави ги направил да личат на Европа со хронично висока невработеност, намалени примања и фискална катастрофа на прагот. Ромни и неговиот кандидат за потпретседател Пол Рајан се на турнеја по американските држави од која се очекува да биде клучна за ноемвриските избори. Во првата реакција на изборот на Рајан, претседателот Обама го нарече идеолошки лидер на Републиканската партија кој е пристоен човек, но со визија која се разликува од неговата. Конгресменот од Висконсин Рајан е автор на републиканскиот план за буџетот со кој се бара големи кратења на трошоците.