Пензија за египетскиот министер за одбрана

Eгипетскиот министер за одбрана Хусеин Тантави и претседателот Мохамад Морси.

Eгипетскиот претседател Мохамад Морси наредил пензионирање на министерот за одбрана Хусеин Тантави. На негово место доаѓа генерал-мајор Абдел Фатах ал-Сиси. Други детали и објаснувања не се дадени. Извештаите велат дека Морси ги укинал и уставните амандмани со кои се даваат широки овластувања на војската. Претседателот Морси кој беше избран во јуни е член на Муслиманското братство. Односите меѓу Братството и војската се напнати по падот на претседателот Хосни Мубарак минатата година.