Египет- судири во Синај, 9 жртви

Египетски војник.

Eгипетските безбедносни сили денеска убиле шест вооружени луѓе во напад врз едно село во Северен Синај, јави државната египетска телевизија. Војската спроведува операција против исламистите во Синај. При рацијата војниците нашле хемикалии кои се користат да се направи експлозив, ракетни гранати и пиштоли. Во борбите со милитантите загинале и тројца војници. Офанзивата против исламистичките милитанти во Синај започна минатата недела по убиството на 16 египетски граничари.