Најмалку 5 жртви во насилства во Ирак

Најмалку пет луѓе загинале во денешните насилства во Ирак. Тројца полицајци денеска биле убиени во бомбашки напад во близината на Багдад, во градот Јурф ал Сакр. Кога по првата експолизија пришле луѓе да помогнат, одекнала и друга, при што се повредени уште тројца луѓе. Двајца мажи биле убиени во престрелка во западниот дел на Багдад, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според новинската агенција Франс прес 118 луѓе, вклучувајќи 60 членови на безбедносните сили овој месец се убиени во Ирак.