Владата ќе ти заштитува децата од интернет злоупотреби

За помалку од една година од Македонија се регистрирани околу 403 ИП-адреси кои симнале 4.323 различни документи со детска порнографија. Со пребарување на зборот „тепачка“ и „ќотек“ се постирани повеќе од 300 видеоклипови со потекло од Македонија. Преку 25 илјади видеоклипови на интернет се со ксенофобична или националистичка содржина. Повеќе од 300 видеоклипови со содржина за малтерирање се поставени на интернет. Има над 41 милиони изрази на пцости и лоши зборови напишани со кирилично писмо и околу 106 милиони такви изрази со латинично писмо. Токму поради ваквите работи, владата се одлучила за започне проект за заштита на деца и млади од нелегални и штетни содржини на интернет, изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Проектот ќе се развива во четири правци: формирање Центар за побезбеден интернет на национално ниво, Национална програма со акциски план за превенција, спречување и заштита на деца и млади од злоупотреби на интернет, засилување на контролата и законско санкционирање на загрозувањето на децата и младите преку интернет и вклучување на државата во три меѓународни асоцијации за заштита на децата од овој вид опасност.

Во Кривичнниот законик на Македонија постојат 38 кривични дела што може да се сторат на интернет, како детска порнографија, онлајн додворување и демнење и говор на омраза.