Реџепи- Македонија попречува отворањето на граничен премин кон Kосово

Косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи ја обвинува Македонија дека го попречува отворањето на граничниот премин Станќиќ - Белановце меѓу двете земји, објавуваат косовските медиуми. Реџепи информирал дека деновиве било планирано да почне изградбата на заедничкиот премин, но дека имало застој од македонска страна.

„Наспроти физибилити студијата и обезбедените фондови од Европската комисија, македонската држава ја забавува изградбата на заедничкиот премин меѓу двете држави, Станќиќ - Белановце, со образложение дека еден дел од патот, во должина од 12 километри не бил асфалтиран“, изјавил Реџепи .
Косовските власти барале преминот да работи 24 часа, но македонските власти, барале преминот да биде од пониска категорија, односно да не работи 24 часа.