Двајца Бугари уапсени за подметнување пожар во Грција

Полицијата во Грција уапси еден 38 годишен маж и една 36 годишна жена од Бугарија под обвинение дека учествувале во подметнувањето пожар во близина на градот Трикала. Според полицијата, двајцата Бугари по причинетиот пожар во реонот претежно земјоделски, во северозападниот дел од земјата, избегале со возилото. Полицијата кај нив пронашла два канистри со запаллива течност и една запалка. Огнот бил изгаснат од локални жители и минувачи.