Продолжуваат жестоките судири во Сирија

Во Сирија продолжуваат и денеска судирите меѓу владините сили и бунтовниците, во градот Алеп. Судирите се жестоки и не престануваат во изминативе 24 часа, при што се бомбардираат повеќе делови од градот, соопштија од страната на бунтовниците. Според сириската Опсерваторија за човекови права, војската најверојатно подготвува „голема операција“ и напад на градската четврт Шукари која се смета за главно упориште на бунтовниците.
Бунтовниците тврдат дека во текот на вчерашниот ден се убиени 187 лица, од кои 111 цивили, 52 војници и 24 бунтовници.