Утре облачно со температура околу 30 степени

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремен дожд и грмежи. Наместа се очекува врнежите да бидат пообилни особено во јужните и источните делови од земјата.
Утринската температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени, а дневната ќе се движи од 24 до 31 степен.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне со локален пороен дожд и грмежи.
Утринската температура ќе се спушти до 19 степени, а дневната ќе достигне до 30 степени.