На судскиот процес во Киев против бившиот украински министер за внатрешни работи, Јуриј Лутшенко, обвинителството денеска побара затворска казна од две ипол години. Ова е втор судски процес против Лутшенко, кој е обвинет за злоупотреби за време на истрагата во врска со труењето на поранешниот претседател Виктор Јушченко за време на претседателската кампања во 2004-та година. Во февруари годинава, Лутшенко веќе беше осуден на 4 години затвор за друго дело. Тој изјави дека е невин и оти судските процеси се политички мотивирани.