Војната меѓу нарко-картелите во Мексико, продолжува

На северот на Мексико полицијата пронашла во едно комбе тела на 14 луѓе, а неколку часа подоцна, во престрелка меѓу мексикански војници и една банда, загинале три лица. Полицијата соопшти дека овие инциденти се поврзани со битките меѓу големите нарко банди за контрола на трговијата со дрога во Мексико. Во последниве неколку години, во меѓусебните пресметки, брутално беа убиени стотици луѓе.