Избран новиот претставник на ОН и Арапската лига за Сирија

Порнешниот алжирски министер за надворешни работи Лахдар Брахими

Дипломати на ОН соопштија дека порнешниот алжирски министер за надворешни работи Лахдар Брахими ќе биде именуван за нов претставник на организацијата и на Арпаската лига за Сирија, кој ќе го замени Кофи Анан чија оставка стапува на сила на 31 август. Официјалното соопштение според нив се очекува во наредната недела, освен ако Брахими не ја одбие функцијата.
Брахими беше претставник на ОН во Авганистан по нападот на САД на 11 септември 2001 година.