Британија спроведува истрага за смртта на Литвиненко

Вдовицата на Литвиненко.

Британија назначи висок судија кој треба да спроведе истрага за смртта на рускиот дисидент Александар Литвиненко, кој беше отруен со полониум во Лондон во 2006 година. Судијата треба да ги презентира своите првични сознанија на 20 септември. Британската полиција за убиството го сомничи Андреј Луговој, поранешен агент за безбедност ФСБ.
Литвиненко почина во ноември, 2006. Се претпоставува дека починал од труење со полониум, откако испил чај во хотел во Лондон.