Во Дагестан убиени тројца полицајци

Tројца полицајци се убиени, а еден повреден во престрелка со вооружени милитанти во руската Република Дагестан, соопштија тамошните власти. Полицајците биле нападнати во едно село кога интервенирале на пријава од жителите дека има група вооружени луѓе во шумата во близина на селото.
Во насилствата меѓу исламските милитанти и безбедносните сили во кавкаскиот регионот во Русија, односно во Дагестан, Чеченија, Ингушетија, Кабардино-Балкарија секоја година гинат десетици луѓе.