Престрелки меѓу војската и милитантите во Синај

Судири меѓу египетските безбедносни сили и осомничени исламистички милитанти се забележани во градот Ал Ариш во областа Синај, јавува државната египетската телевизија. Судирите се одвиваат пред полициската станица во градот тврди телевизијата. Судирите доаѓаат еден ден откако војската соошти дека при воздушен напад што го извршила во соседното село загинале 20 милитанти.
Воздушниот напад уследи по инцидентот во неделата во близина на израелската граница, кога вооужен напаѓач убил 16 војници. Египетскиот претседател Мухамед Морси по нападот во пограничната област, ги разреши шефот на разузнавачката служба и гувернерот.