Македонија меѓу најрелигиозните земји

Македонија е меѓу првите пет земји каде што најмногу граѓани се идентификуваат за религиозни, дури 90 насто. Ова се наведува во најновото истражување на Галуп. Во претходното, спроведено во 2005 годината процентот на религиозните граѓани во Македонија изнесуваше 85 насто. Од друга страна, процентот на оние што за себе рекле дека се убедени атеисти за истиот седумгодишен период од три, во 2005 година, се намалил на еден процент. Пред Македонија на табелата се Гана, Нигерија, Ерменија и Фиџи.