Конференција по повод 20 години АРМ

Денеска во Домот на АРМ во Скопје ќе биде одржана јубилејната конференција „АРМ 1992-2012: формирање, развој и предизвици“. Конференцијата, која е дел од годишната програма за одбележување на јубилејот „20 години АРМ“ е во организација на Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Република Македонија, а под покровителство на Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ.
На собирот ќе се обрати и министерот за одбрана Фатмир Бесими.