Намален кредитниот рејтинг на Словенија

Рејтинг агенцијата Fitch го намали кредитниот рејтинг на Словенија од „А“ на „А -“, со негативни среднорочни изгледи, откако деновиве истото го сторија и агенциите Moody`s I Standard&Poor`s. Во соопштението по тој повод, Фич наведува дека Словенија и натаму се соочува со недостиг на веродостоен план за докапитализација на банкарскиот систем, како и дека влошената состојба на пазарот на капитал може да го оневозможи настојувањето на владата да ги докапитализира банките и да го премости фискалниот дефицит.
Доколку не обезбеди финансиски средства за банките и за финансирање на фискалниот дефицит, на Словенија и се заканува натамошно намалување на рејтингот, предупредува Fitch.