Пожар во близина на рафинеријата ОКТА

Илустрација.

Во близина на рафинеријата ОКТА, во атарот на селото Дејадровци, гори сува трева и стрниште. Пожарот го гаснат пожарникарни екипи од Скопје, но поради близината до рафинеријата, во гаснењето се вклучени и авионите на Дирекција за заштита и спасување, информира Центрот за управување со кризи.

Се уште се активни пожарите во месноста Биљак во атарот на село Танушевци, во атарот на селото Рашче, кај селото Гургурница.
Пожарот кај селото Казандол и оној кај пругата Гевгелија-Миравци се ставени под контрола.