МОК потврди дека исчезнале натпреварувачи од тимот на Камерун

Меѓународниот олимписки комитет потврди дека седум натпреварувачи од тимот на Камерун се водат за исчезнати. Од Комитетот денеска соопштија дека официјално биле известени од страна на Олимпискиот комитет на Камерун во врска со инцидентот.
Шефот на камерунската делегација изјави дека како исчезнати се водат пет боксери, еден пливач и голманката на женскиот фудбалски тим. Тие исчезнале уште за време на викендот. Шефот на делeгацијата изјави дека спортистите немааа визи со кој им се дозволува престој во Велика Британија до ноември и дека не му е позната причината за исчезнувањето. Камерунската делегација бара помош за пронаоѓање на спортистите.