Први фотографии во боја од Марс

Возилото на НАСА Кјуриозити ги испрати првите фотографии во боја од Марс, на кои се гледа кратерот каде што се спушто возилото. Фотографиите докажуваат дека еден од клучните инстументи на возилото, фото-апаратот, функционира. Возилото Кјуриозити патуваше низ вселената 8 месеци, а во понеделникот успешно слета на Марс, од каде што ќе испраќа податоци за Црвената планета.