Полициско засилување по немирите во Пакистан

Полициско засилување било испратенено утрово во проблематичната пакистанска провинција Балучистан откако претходно во близина на градот Турбат биле убиени четворица полицајци, а повредени уште 14 други. Властите соопштија дека милитантите поставиле импровизирана експлозивна направа на патот околу 1.000 километри западно од Кета и го активирале во моментот кога поминувало транспортно полициско возило. Бомбашкиот напад доаѓа еден месец откако шест вооружени лица нападнаа ресторан и убија18 луѓе во провинцијата Пенџаб. Полицијата и безбедносните сили се често напаѓани во областа Балучистан која граничи со Авганистан и Иран и е една од најсиромашните области на Пакистан.